Осигурување · Инвестиции · Пензија

Го познавам системот одвнатре.
Решението почнува од тебе.

Од работа со клиенти до развој на производи и водење операции — моето искуство ми овозможува да проценам што од понудата одговара на твоите потреби, каде се ограничувањата и што значи изборот во пракса.

Да видиме што има смисла за тебеМитко Теохаров · Осигурителен брокер | Инвестициски & Пензиски агент
Искуства на клиентите

Што останува
по разговорот.

Исполнет збор

„На пат кон клиниката, добив повик од Митко.“

Кога бев бремена со второто дете, осигурителната компанија немаше договор со приватната клиника во која сакав да се породам. Митко ми рече дека ќе направи сѐ што може тоа да се промени до мојот термин.

На пат кон клиниката, добив негов повик: договорот беше склучен. Ми посака со убаво и со лесно да си ја завршам работата.

Речиси десет години подоцна, сѐ уште ги паметам радоста, изненадувањето и благодарноста. Човек кого тогаш го немав видено лично ја разбра мојата потреба и си го одржа зборот.

Прочитај ја целата приказна

Години подоцна, кога со сопругот почнавме да размислуваме за животно осигурување и инвестирање, повторно му се обратив на Митко. Разговаравме со повеќе луѓе, но постојано имав чувство дека не ја добиваме комплетната слика.

Следуваа неколку средби и многу прашања. Сопругот го испрашуваше до најмал детал, за секое можно сценарио. Митко остануваше насмеан, сталожен и подготвен да објасни, а понекогаш и да ја олесни сериозната дискусија со шега.

Со исцрпни одговори, прегледи и пресметки направени на самото место, ни помогна да избереме продукт што ни беше најпотребен.

По сите овие години, во него гледам професионалец на кого му верувам и човек кого искрено го почитувам и го чувствувам како пријател.

Биљана Стоимановска
Доверба низ годините

„Немав дилема со кого да го направам првиот чекор.“

Кога решив да вложам средства на финансиските пазари, имав неколку опции за соработка. Немав дилема дека сакам првиот чекор да го направам со Митко, поради довербата што ја имав во него. Денес гледам дека не сум згрешил.

Прочитај повеќе

Митко го запознав пред повеќе од десет години, додека работеше во Триглав. Имавме одлична соработка и однос. По неговото заминување останавме во контакт, иако немавме деловна соработка.

Ѓорѓи Моцан
Поддршка низ процесот

„Од почетокот до завршувањето на процесот.“

Неговата улога ја надминува вообичаената улога на осигурителен агент и финансиски консултант. Од почетокот до завршувањето на процесот, обезбедува стручна, организациска и логистичка поддршка, со одговорност и прецизност.

Прочитај повеќе

Моето искуство со Митко Теохаров е исклучително позитивно. Неговата работа се одликува со стручност, професионализам и доследна посветеност на интересите на клиентот.

Соработката со него ми влева доверба.

Борка Тушевска Гавриловиќ
Нови финансиски навики

„Најголемата промена е што изградив финансиска дисциплина.“

Пред да започнам да работам со Митко, живеев од плата до плата. Ја трошев целата плата, често и на непотребни работи, без да имам заштеда.

Денес редовно издвојувам средства секој месец и за првпат имам чувство на финансиска сигурност и контрола врз сопствените финансии.

Прочитај повеќе

Со неговата помош, совети и насоки, научив поинаку да размислувам за парите — да планирам, да штедам и да инвестирам во својата иднина.

Најголемата промена е што изградив финансиска дисциплина и свест за долгорочното планирање.

Јасна Челикова

Искуствата се објавени со дозвола на авторите и се скратени и јазично уредени за полесно читање.

Митко Теохаров — осигурителен брокер, инвестициски и пензиски агент

Митко Теохаров

Осигурителен брокер | Инвестициски & Пензиски агент
ВФП АД Скопје

Лиценца од Агенцијата за супервизија на осигурување
Решение бр. 14-46 · 03.03.2026
Провери во регистарот на АСО

„Мојот капитал е тоа што можеш да ме држиш за збор.“

Искуството зад пристапот

Знам што стои
зад понудата.

Сум бил таму каде што клиентот поставува прашања. И таму каде што компанијата ги носи одлуките.

Мојот професионален пат опфаќа продажба, работа со индивидуални и корпоративни клиенти, развој на услови и тарифи, осмислување оперативни ИТ-модули и водење операции во осигурителна компанија.

Денес ги поврзувам тие искуства со твојата ситуација: семејството, приходите, кредитите, имотот или компанијата. Ги разгледувам условите, исклучоците, обврските и долгорочните последици од изборот.

Мојата работа е да ти дадам најдобар предлог.

Според твоите потреби, приоритети и можности.

Надвор од работата

Кој е Митко Теохаров приватно?

Во брак сум речиси десет години и татко на две прекрасни ќерки. Љубител сум на Веспа моторите и патувањата.

Со своето искуство и контакти ѝ помагам на сопругата успешно да го развива својот бизнис.

Лични компетенции
01 / КЛИЕНТИ

Од лични потреби до корпоративни ризици.

Работа со индивидуални и корпоративни клиенти, со различни обврски, цели и приоритети.

02 / РАЗВОЈ

Познавање на механизмите.

Работа на услови, тарифи, процеси и оперативни ИТ-модули во осигурувањето.

03 / РАКОВОДЕЊЕ

Одговорност за целината.

Искуство како оперативен директор во една од најголемите осигурителни компании за неживотно осигурување.

Образование
МЕЃУНАРОДНА ДЕЛОВНА ЕДУКАЦИЈА

Triglav International Business Academy

Завршена програма 2018/2019, во соработка со Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.

Повеќе за програмата

Деветмесечна програма на Блед, Словенија. По селекција во шест фази, избран меѓу 28 таленти од групацијата Триглав.

ПРАВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Магистер по граѓанско материјално и процесно право

Правен факултет „Јустинијан Први“.

Јавни настапи за осигурување. Јавно и отворено
Прво морам да ја разберам твојата ситуација. 4 чекори се потребни
01

Што ти е важно?

Што градиш, од што зависиш и што сакаш да заштитиш?

02

Ја согледуваме состојбата.

Постојни обврски, покритија, приоритети и простор во буџетот.

03

Ги разјаснуваме опциите.

Што добивате, што плаќате и кои ризици или ограничувања остануваат.

04

Не завршуваме со избор на решение, тогаш почнуваме

Поддршка при користење на осигурувањето и преглед кога потребите се менуваат.

Вашиот следен чекор

Решението почнува
со вашите потреби.

Што ви е важно денес? Изберете насока и продолжете со неколку кратки прашања.

Пред првиот разговор
Дали треба однапред да знам кој производ го сакам?

Не. Можете да почнете од конкретна ситуација или прашање. На пример: заштита на семејството, преглед на постојните полиси, штедење за дете или планирање пензија.

Што да подготвам?

Краток опис на целта и прашањата што ги имате. Ако веќе имате полиси или договори, нивниот преглед може да биде следен чекор. Не испраќајте здравствени податоци или лични документи во почетната порака.

Дали инвестициски фонд значи гарантиран капитал?

Не. Вредноста на вложувањето може да расте и да опаѓа. Пред одлука се разгледуваат ризиците, трошоците, временскиот хоризонт и официјалната документација на конкретниот фонд.

Контакт за повратен разговор

Контактите можете да ги внесете рачно или да ја користите понудата за автоматско пополнување од вашиот прелистувач. Износите се информативни; внесете приближни вредности.

Прво ќе ги прегледате одговорите. По испраќањето, тие се зачувуваат во приватната платформа на Митко Теохаров за обработка на барањето и повратен контакт. Не внесувајте матични броеви, банкарски сметки или здравствени детали.