Осигурување · Инвестиции · Пензија

КАПИТАЛ.
ЗАШТИТА.
ВАШАТА ИДНИНА.

Од заштита на семејството до планирање на иднината. Ви помагам да ги разберете опциите и да донесете одлука што има смисла за вас.

Да почнеме со разговор Митко Теохаров · Осигурителен брокер | Инвестициски & Пензиски агент
15+ години искуство во осигурувањеПотребите пред изборот на производПоддршка и по склучувањето
Што можеме да решиме

Финансиите почнуваат
од вашиот живот.

Семејство, дом, работа, иднина. Прво ги разгледуваме вашите обврски и цели. Потоа разговараме за соодветните инструменти.

01 / ЗАШТИТА

Осигурување со јасна цел.

Живот, здравје, дом, возило или деловен ризик. Ги разгледуваме покритијата, ограничувањата и постапката при штета — пред да изберете.

Да ја разгледаме мојата заштита
02 / ИНВЕСТИРАЊЕ

План за капиталот што го градите.

Разговор за инвестициски фондови според целта, временскиот хоризонт и ризикот што можете да го прифатите. Со јасност за трошоците и пристапот до средствата.

Да разговараме за мојата цел
03 / ПЕНЗИЈА

Иднина што ја планирате денес.

Да ги разберете можностите на пензиските фондови и нивното место во вашето долгорочно планирање, со внимание на условите за уплата и користење.

Да го отвориме пензиското прашање
Начин на работа

Прво разбирање.
Потоа решение.

01

Ве слушам.

Што сакате да заштитите, што планирате и што ве загрижува?

02

Ја согледуваме состојбата.

Постојни обврски, покритија, приоритети и простор во буџетот.

03

Ги разјаснуваме опциите.

Што добивате, што плаќате и кои ризици или ограничувања остануваат.

04

Остануваме во контакт.

Поддршка при користење на осигурувањето и преглед кога потребите се менуваат.

Митко Теохаров — осигурителен брокер, инвестициски и пензиски агент

Митко Теохаров

Осигурителен брокер | Инвестициски & Пензиски агент
ВФП АД Скопје

Лиценца од Агенцијата за супервизија на осигурување
Решение бр. 14-46 · 03.03.2026
Провери во регистарот на АСО

„Мојот најголем капитал е тоа што можеш да ме држиш за збор.“

Човекот зад разговорот

Искуство што треба
да ви биде корисно.

Повеќе од 15 години работам во осигурувањето — од директна работа со клиенти до развој и оперативно управување во Триглав и Кроација Осигурување. Од 2024 година работам во ВФП АД Скопје.

Мојот пристап е да ја поврзам секоја препорака со конкретна потреба. Сакам да знаете зошто одредено решение ви одговара, но и каде се неговите граници.

Пред првиот разговор

Неколку важни прашања.

Дали треба однапред да знам кој производ го сакам?

Не. Можете да почнете од конкретна ситуација или прашање. На пример: заштита на семејството, преглед на постојните полиси, штедење за дете или планирање пензија.

Што да подготвам?

Краток опис на целта и прашањата што ги имате. Ако веќе имате полиси или договори, нивниот преглед може да биде следен чекор. Не испраќајте здравствени податоци или лични документи во почетната порака.

Дали инвестициски фонд значи гарантиран капитал?

Не. Вредноста на вложувањето може да расте и да опаѓа. Пред одлука се разгледуваат ризиците, трошоците, временскиот хоризонт и официјалната документација на конкретниот фонд.

Гостувања и интервјуа

За осигурувањето. Јавно и отворено.

01 / ЦЕЛА ЕМИСИЈА

Цела емисија Бизнис 21 / ТВ21

Цела емисија со Митко Теохаров на тема осигурување.

Погледни ја емисијата
02 / ВИДЕО ГОСТУВАЊЕ

Гостување во Здраво Македонијо, Канал 5

Погледнете го видео-гостувањето на YouTube.

Погледни го гостувањето
03 / BLOOMBERG ADRIA

Приватно здравствено осигурување.

Разговор за интересот за приватното здравствено осигурување и неговата улога како бенефиција за вработените.

Отвори го интервјуто
04 / ФАКТОР · 04.12.2020

Здравствена заштита за вработените.

Интервју за приватното здравствено осигурување и придобивките за компаниите и нивните вработени.

Прочитај го интервјуто
Стручни настапи

Предавач на работилницата „Механизми за осигурување на трговијата“ за банкарскиот сектор, март 2026.

Прочитај на страницата на Стопанската комора
Вашиот следен чекор

Решението почнува
со вашите потреби.

Изберете тема. Ќе се прикажат само прашањата што се однесуваат на вашиот избор.

Контакт за повратен разговор

Контактите можете да ги внесете рачно или да ја користите понудата за автоматско пополнување од вашиот прелистувач. Износите се информативни; внесете приближни вредности.

Одговорите не се зачувуваат на оваа веб-страница. Прво ќе ги прегледате, а потоа ќе ги испратите преку вашата е-пошта. Не внесувајте матични броеви, банкарски сметки или здравствени детали.